Саливaн: Русија може веднаш да ја заврши војната со повлекување од Украина

од Radmila Tasevska
143 прегледи

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливaн, смета дека војната, за која верува дека Кремљ избрал да ја води во Украина, може веднаш да заврши доколку Русија ги запре нападите и ги повлече своите сили.

Коментирајќи го претходно објавениот кинески план од 12 точки за Украина, во кој Пекинг детално ја објаснува својата позиција за војната и повикува на прекин на непријателствата и мировни преговори, тој за Си-Ен-Ен изјави дека, според него, најважната точка е првата точка, која предвидува „почитување на суверенитетот на сите земји“

„Па, мојата прва реакција на тоа е дека можеме да застанеме на точка еден, а тоа е почитување на суверенитетот на сите земји. Оваа војна може да заврши утре ако Русија престане да ја напаѓа Украина и ги повлече своите сили. Украина не ја нападна Русија, НАТО не ја нападна Русија, САД не ја нападна Русија. Ова е војната што Путин ја избра да ја води“, рече Саливaн.

Слични содржини