Пред точно една година, во 3.59 часот наутро, 60 километарска колона од тенкови и воена механизација ја премина границата на независна, суверена и демократска Украина, а Путин поведе апсурдна, разурнувачка, крвава и садистичка војна против суверена и демократска европска држава, рече претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на денешната конфеенција „УКРАИНА – ГОДИНА НА ХЕРОИЗМОТ“.
-Путин својата војна ја нарече специјална воена операција за денацификација и ослободување на Украина и заштита на Русите од геноцид. Но со својот ракетен терор уништи и сѐ уште уништува цивилни домови и инфраструктура, срамни со земјата цели градови, а неговата садистичка солдатеска ограбува, измачкува, силува и убива мажи, жени, деца и возрасни луѓе. Меѓу нив има и Руси, додаде тој.
Како што посочи Дерала, последиците се илјадници изгубени животи, милиони бегалци и раселени лица, страдање и смрт на секоја педа од украинската почва, светска економска, енергетска и безбедносна криза.
Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк.