Кралицата на поп музиката, Мадона, и нејзиното момче, моделот Ендрју Дарнел, раскинаа по неколкумесечната врска.
По нивната разделба, пејачката наводно доживеала „криза на самодоверба“ поради пропаѓањето на романсата, а за нејзината состојба придонеле и бројните критики за нејзиниот изглед кои ги доби овој месец.
„Тоа беше многу необична работа, нејзината врска со Дарнел, така што таа не беше скршена. Само дојде во лошо време“, изјави извор за Page Six и продолжи:
„Таа има криза на самодоверба и тоа не помага. Иако се забавуваше со Ендрју, тоа никогаш не беше љубов или нешто слично.
Моделот и пејачката почнаа да се гледаат веднаш откако Мадона ја прекина тригодишната врска со танчерот Вилијамс.
Јавноста првпат стана запознаена со нивната врска во септември, откако Дарнел и Мадона беа видени како се бакнуваат на забава во Њујорк.
За наводната криза на самодовербата придонесоа и бројните критики со кои се соочи една од најпопуларните пејачки во светот по доделувањето на Греми наградите, кога сите светски медиуми објавија дека Мадона до непрепознатливост го корегирала својот изглед.