Деветмесечно бебе сомнително на туберкулоза било хоспитализирано на Интензивна на Клиниката за детски болести. Веднаш е поставено на механичка вентилација откако синоќа во тешка состојба било донесено со возило на Брза Помош од болницата во Козле.
Во однос на тоа дали сомнежот за заразната болест која претходно ја имала мајката ги става во опасност новороденчињата и малите пациенти на одделот, директорката на установата тврди дека не постои никаква закана. Доктор Нацева Фуштиќ во изјава за „Сител“ вели дека постапуваат по пропишани протоколи, но бебето е во многу тешка состојба и има само три килограми.
„Детето е во тешка малмутриција со респираторна инсуфициенција. Детето е во посебна изолација. Го води посебна сестра која е само со него и со посебна заштита, меѓутоа немаме никаков доказ освен анамнезата на мајката. Дали ќе преживее е знак на прашање бидејќи е само три килограми на девет месеци“, вели проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ, директор на Клиника за детсаки болести.
Дополнително ќе се прават анализи за евентуално докажување на заразата, но како што вели директорката, бебињата не можат да ја пренесуваат.