„Не ми е лесно ниту психички ниту физички“: Кајли Џенер отворено за постпородилната депресија

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Популарната старлета Кајли Џенер е мајка на две деца, од кои помалото е родено на 2 февруари 2022 година.

Кајли преку своето Инстаграм стори се огласи во врска со постпородилната депресија со која се справува.

„На жените би им порачала да не размислуваат премногу и да ги живеат сите емоции во потполност“, вели таа.

„Само сакам да кажам дека постпородилниот период не е лесен за мајките. Не е лесно. Искуството овој пат ми е многу потешко отколку кога ја родив ќерка ми. Не ми е лесно ниту психички, ниту физички, едноставно е лудо“, додала старлетата.

„Во ред е да не сте добро. Сфатив дека си вршам притисок. И секогаш се потсетувам дека родив дете, убаво, здраво момче. Треба да престанеме да си вршиме притисок. Не само физички, туку и психички“, продолжи Кајли.

„Не сакав да се вратам на мојот живот без да кажам што ми се случи, ми беше тешко и затоа сакав тоа јавно да го кажам. Треба да знаете дека е во ред да не се чувствувате добро. Откако го сфатив тоа, стана полесно. Си вршев притисок на себе, но потоа почнав да се потсетувам дека родив прекрасно, здраво момче и дека морам да престанам да се притискам дека морам да бидам добро веднаш по породувањето, не толку физички, туку ментално“, заклучи Џенер.

Слични содржини