Русите со дронови го нападнаа западот на Украина, има мртви

од Radmila Tasevska
117 прегледи

Најмалку две лица загинаа, а четворица се повредени синоќа откако Русите со беспилотни летала го нападнаа градот Хмелницки во западна Украина, пренесува Франс-прес.

-Едно лице загина, а четворица се повредени. Оштетени се неколку објекти – изјави градоначалникот Олександер Симчишин.

Подоцна потврди дека уште едно лице починало во болница.

– Лекарите не успеаја да го спасат животот на уште еден херој, спасител – рече тој.

Службата за вонредни ситуации на Украина потврди дека двете жртви се двајца пожарникари – едниот имал 21, а другата 31 година.

За време на воздушниот напад се слушнале најмалку три експлозии, пренесува Укринформ. Украинските сили тврдат дека во текот на ноќта собориле 11 беспилотни летала од Иран, вклучително и девет над регионот на Киев.

Воздухопловните сили соопштија дека од 23 часот синоќа до утринава Русија употребила 14 беспилотни летала од типот Шахед. Кремљ постојано негираше дека користел беспилотни летала од Иран во Украина.