Курти: Договорот меѓу Белград и Приштина е можен до крајот на годинава

од Radmila Tasevska
135 прегледи

Премиерот на привремените институции во Приштина, Албин Курти денес изјави дека е можен договор меѓу Белград и Приштина до крајот на годинава.

Пред средбата во Брисел, Курти за Еурактив изјави дека Белград и Приштина имаат за цел „оваа година“ да склучат важен договор за нормализација на односите и дека тој нема да биде лесен и покрај зголемениот ангажман на Западот.

„Ни треба нормализација на односите, а тоа може да се постигне со заемно признавање како централен дел“, рече Курти и наведе дека Белград е категоричен дека нема формално да ја признае независноста на Косово, но дека, според него, може да се договори за „де факто признавање“.

Слични содржини