Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска укажа на потребата од зголемување на будноста на безбедносните структури поради дејствувањето на странските фактори и нивните обиди за дестабилизација на земјата и апелираше до органите на прогонот да реагираат и на најмал обид за агресија.
„Зборуваме за дисциплина и извршување на должноста. Особено на границите на Белорусија. Ова се однесува на полицијата, КГБ (државната безбедносна служба) и припадниците на војската. Сите треба да бидеме подготвени да откриеме и најмала агресија на нашите граници со цел да се преземат соодветни повратни мерки“, истакна Лукашенко на состанокот со високи безбедносни претставници, според извештајот на агенцијата БелТА, пренесува ТАСС.
Лукашенко предупреди дека непријателите ќе ја искористат секоја можност да ја дестабилизираат Белорусија.