Пратениците на ВМРО ДПМНЕ да го прашаат својот претседател како со професорска плата се стигнува до милионски имоти, изјави од собраниската говорница пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.
Таа го цитираше Мицкоски, кој самиот рече во едно интервју дека многу тешко се живее и дека бил погоден од инфлацијата, затоа што живеел од професорска плата и едвај скрпувал крај со крај.
„Сите професори и наставници би сакале да знаат како тоа со просечна професорска плата се стигнува до имоти со вредности од милионски суми и во Скопје и надвор од Скопје и како се стекнуваат бизниси кои вредат по 11 милиони евра“, нагласи Шкријељ.