Вучиќ: Состанокот во Брисел очекувано тежок

од Stefanija Kuzmanovska
167 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ го оцени како тежок денешниот разговор во Брисел со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак и премиерот на Косово Албин Курти.

„Тежок состанок. Очекувано. Нема предавање“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Во Брисел околу 18:00 часот почна трилатералната средба на европските претставници со Вучиќ и Курти.

Слични содржини