Саудиска Арабија пружа поддршка за Украина: Пристигна помош од 400 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska
156 прегледи

Саудиска Арабија ѝ дава на Украина 400 милиони долари помош, од кои дури 300 милиони во нафта и нејзините деривати.

Андриј Јермак, шеф на Кабинетот на украинскиот претседател, го потврди ова на својот канал на Телеграм, нагласувајќи ја важноста на поддршката што Киев ја доби од една од најсилните економии на Блискиот Исток на годишнината од крвавиот конфликт.

Документот наречен Заедничка програма за соработка и хуманитарна помош беше потпишан во Киев како исполнување на ветувањето на престолонаследникот Мохамед бин Салман на украинскиот претседател Владимир Зеленски уште во октомври 2022 година, а во негово име беше одобрен од шефот на саудиската дипломатија, Фајсал бин Фархан Ал-Сауд.

Од пакетот со вкупна вредност од 400 милиони долари, 100 милиони ќе стигнат во Киев во вид на хуманитарна помош, а дури 300 милиони се однесуваат на нафтата и нејзините деривати. Договорот во име на престолонаследникот го потпишаа неговиот советник Абдула Ал Рабиа и украинскиот вицепремиер Олександр Кубраков.

Слични содржини