Семејството на американскиот актер Том Сајзмор „одлучува за евтаназија“ по мозочната аневризма што ја доживеа актерот во февруари 2023 година, изјави неговиот агент.
61-годишниот актер е познат по улогите во филмовите како што се Saving Private Ryan, Black Hawk Down и Born to Kill.
Сајзмор имал проблеми со дрогата и била во затвор поради семејно насилство.
„Денес лекарите го известија неговото семејство дека нема надеж и препорачаа евтаназија“, изјави за американските медиуми Чарлс Лаго, агент на актерот.
„Семејството сега носи одлука за прекин на животот, за што ќе ја информираме јавноста во среда на 1 март. Би побарале приватност во овој тежок период и семејството сака да им се заблагодари на сите за пораките за поддршка и молитвите за здравјето на Том“, додаде тој.