Курти: Нормализирање на односите само со обострано признавање

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти, денеска повтори дека односите со Белград мора да се нормализираат и дека тоа може да се постигне само со обострано признавање.

„Мораме да ги нормализираме нашите односи и мислам дека нормализацијата на односите може да се направи со обострано признавање како централен дел“, рече Курти на Економскиот форум во Скопје, пренесува „Репортери“.

Како што тврди Курти, тоа го кажале и американскиот претседател Џозеф Бајден, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и германскиот канцелар Олаф Шолц.

Слични содржини