126
Претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави дека следната средба во дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе се одржи во Охрид, С. Македонија, кон крајот на овој месец.
Лајчак на Твитер објави дека се сретнал со вицепремиерот на С. Македонија, Бојан Маричиќ, на кого му се заблагодарил за силната поддршка за дијалогот.
„Имав одлична средба со вицепремиерот Бојан Маричиќ. Благодарен сум на С. Македонија за силната поддршка за дијалогот и со нетрпение го очекувам следниот состанок за дијалог во Охрид подоцна овој месец“, напиша Лајчак.