186
Коњ, за кој не се знае дали бил користен како превозно средство, бил влечен утрово по скопските улици со автомобил. Ваква страшна глетка начекале граѓаните.
Три лица биле во автомобилот со кој бил влечен коњот, кои во моментот кога коњот паднал, излегле од возилото.
Случајот предизвика лавина реакции во јавноста и загриженост. Не е познато дали ваквиот настан е пријавен во МВР.
Вакви слики од коњи кои се измачувани низ улиците имаше и изминативе години.