160
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја повика Кина да не ѝ испраќа оружје на Русија за војната во Украина и побара од Пекинг да изврши притисок врз Москва да ги повлече своите сили.
Во обраќањето пред германскиот парламент, Шолц рече дека е разочарувачки што Пекинг се воздржува од осуда на рускиот напад врз Украина, но ги поздравува повиците на Кина за нуклеарна деескалација, пренесува „Ројтерс“.
„Мојата порака до Пекинг е јасна: искористете го вашето влијание со Москва за да го поттикнете повлекувањето на руските трупи. И не испорачувајте никакво оружје на агресорот Русија“, нагласи Шолц.