Водата во Скопје може да поскапи за 30 денари доколку Водовод го прифати предлогот на РКЕ

од Nikola Popovski
172 прегледи

Наш предлог е минималната тарифа на цената на водата по метар кубен за Град Скопје да изнесува 31,53 денари што е минимално намалување што се должи на фактот дека помошта која што ќе се дава со пониска цена на струја, ќе продолжи и во наредниот период. Максималната тарифа да изнесува 34,89 денари што е повисока за 9% од постоечката. Овој предлог ќе биде доставен до Водовод-Скопје, а тие понатаму имаат право врз основа да донесат своја одлука што после тоа се доставува до Советот на Град Скопје на гласање. Ова денеска го истакна првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски на прес-конференција.

Според него, доколку се прифати максималната тарифа, би значело зголемување на водата од 29,5 денари на месечно ниво.

-Сметам дека ова не претставува никаков проблем за граѓаните. Тоа се само 30 денари на месечно ниво. За вакви зголемувања се дискутира, нагласи Бислимоски пред медиумите.

Слични содржини