280
Актерката Џенифер Лоренс доживеа голема непријатност за време на гостувањето во хумористична емисија чиј водител е Џими Фалон, а тоа видео повторно кружи на социјалните мрежи.
Џенифер неколку пати во кариерата покажа несмасност, а неколку пати паѓаше на црвените килими и важни настани, вклучувајќи ги и Оскарите.
Во 2016 година го доживеа најголемиот скандал кога во споменатата емисија почна да ѝ тече носот.
Имено, во еден момент, познатиот водител ѝ сугерираше дека има нешто во носот, на што таа збунето одговори:
„Дали е тоа мрсул? Го почувствував. Мислев дека нема шанси ова да ми се случи на телевизија“, рече таа.
Овој момент можете да го погледнете во петтата минута.