202
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека мрази и да замисли што би се случило доколку Русија ја загуби војната во Украина. Тој за швајцарскиот весник Veltvohe изјави дека Русија е нуклеарна сила и дека би било геополитички шок доколку тоа се случи, пренесе унгарскиот „Дејли њуз“.
„Тоа би бил глобален, потенцијално катастрофален земјотрес, многу полош од колапсот на поранешна Југославија. Фактот што Западот го сфаќа тоа сценарио толку лесно покажува застрашувачко слепило за ризиците својствени за нашата политика“, рече тој.
Како што навел, Унгарија е „вовлечена во војната“, но нејзиното раководство е доволно силно да ја држи земјата подалеку од конфликтот.