Украинската извидувачка единица со беспилотни летала со седиште во Бахмут добила наредба да го напушти опколениот источен град, изјави нејзиниот командант во видеото објавено на Телеграм во петокот.
„Во средината на ноќта, на единицата „Мадијар Птици“ и беше наредено веднаш да го напушти Бахмут и да замине на ново место на борбени операции“, рече командантот Роберт Бровди.
Ројтерс пренесува дека Евгениј Пригожин, основачот на Вагнер, денес изјавил дека украинскиот град Бахмут е практично опколен од руските сили и дека силите на Киев имаат пристап само до еден излез.
Тој го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги повлече своите сили од градот.
Руските сили напредуваа кон Бахмут во последните денови по неколкумесечно интензивно гранатирање и борби околу оштетениот град, кој се наоѓа на североистокот на регионот Доњецк и со месеци е цел на Москва.