Германската амбасада во Приштина соопшти дека Косово сега треба да покаже подготвеност да започне конкретни разговори за Заедницата на српските општини (ЗСО), бидејќи без тоа нема да може да се постигне договор.
„Косово сега мора да ја покаже својата подготвеност да започне конкретни разговори за ЗСО. Затоа што без тоа договорот нема да биде можен“, се нагласува во одговорот на германската амбасада во Приштина за ТВ Кљан Косова.