199
Судот во Белорусија денеска го осуди добитникот на Нобеловата награда за мир, продемократскиот активист Алеша Бјалјацки, кој е во притвор во Минск, на 10 години затвор за финансирање протести во 2020 година и за затајување данок, јави ТАСС.
Бјалјацки, продемократски активист и основач на Групата за човекови права Вјазна, која обезбедуваше правни и финансиски услуги за да им помогне на демонстрантите за време на бранот немири во Белорусија во 2020 година, беше осуден за финансирање протести и затајување данок.
Бијалатски рече дека бил прогонуван од политички причини, објави Ројтерс.