161
Во центарот на Атина голем протест одржуваат студенти кои бараат одговорност за железничката несреќа во регионот Темпи, во која загинаа најмалку 57 лица, пренесува „Катимерини“.
„За децата во Темпи, за нивните семејства и за нас. Ова е злосторство што не треба да се прикрива, ние го претставуваме гласот на сите загинати“, се вели во повикот на Студентскиот координативен комитет на Атина.
Долгиот марш на демонстрантите започна од Пропилаја и води до канцелариите на „Хеленик треин“, а насобраните носат црни балони.