145
Цените на гасот во холандскиот центар ТТФ денеска паднаа на 496,7 долари за илјада кубни метри, или 45,255 евра за MWh за прв пат од 23 август 2021 година.
Според податоците на лондонската берза ICE, цените на гасот паднале за три отсто од почетокот на тргувањето, пренесе ТАСС.
Цената на гасот паѓа поради релативно потоплото време во регионот во оваа грејна сезона.