Андоновски: Ако Арсовска им исплати на приватниците и камата, ќе поднесеме кривична

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Колапс во градскиот превоз постои и тоа подолг период од ноември. Ова прашање треба да и се постави на градоначалничката зошто цели три месеци ги навредуваше приватните превозници дека биле криминалци, ќе им поднесувала кривични пријави без да им ги исплати признаените долгови, сакала таа да ги признае или не, рече Стефан Андоновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје на гостувањето во емисијата 10 Минути што се емитува на телевизија 21.

Според превозниците сега долговите им се признаени, рече Андоновски кој информираше дека Советот нема информација за постигната спогодба на приватните превозници со градоначалничката Данела Арсовска.

„Ние ја немаме спогодбата. Немаме информација што содржи или е тоа уште една нејзина лага дека се спогодиле или навистина има спогодба. Но, ако таа спогодба содржи и камата, зошто законски им следува камата на неисплатените фактури, јас можам да кажам дека ние како советничка група ќе поднесеме кривична пријава и против градоначалничката и против директорот на ЈСП за тие камати, ако се договориле да им ги исплатат дополнителните камати зошто тоа е директно оштетување на Буџетот на Град Скопје. Од Буџетот се даваат пари на ЈСП, а ЈСП ќе треба на превозниците. Ако ЈСП се договори во оваа формална процедура дека ќе им исплати основица од тоа што им должи од ноември до денеска, плус и камата за тој период ние ќе поднесеме кривична пријава за таа разлика”, информираше Андоновски кој додаде дека немаат никаква информација за што е зборувано.

Слични содржини