Рускиот извоз во земјите на ЕУ за периодот од почетокот на март до крајот на декември 2022 година е намален за 53 отсто, односно од 21,8 милијарди во март на 10,3 милијарди во декември, објави денеска европската статистичка агенција Еуростат.
„Трговскиот дефицит на ЕУ со Русија достигна врв од 18,2 милијарди евра во март 2022 година, пред постепено да се намали на 6 милијарди евра во декември 2022 година. Вредноста на увозот од Русија падна за 53 отсто, од 21,8 милијарди евра во март 2022 година на 10,3 милијарди евра во декември 2022 година“, соопшти агенцијата.
Во тоа време ЕУ блокираше значителен дел од извозот во Русија, а санкциите за купување јаглен, нафта и челик во Русија се уште не стапија на сила, додека гасот се уште се плаќаше во евра.