Почина актерот Том Сајзмор

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Американскиот актер Том Сајзмор, познат по улогите во „Спасување на војникот Рајан“ и „Блек Хок“, почина на 61-годишна возраст, потврди денеска неговиот менаџер.

Сајзмор се прослави во 1990-тите, играјќи претежно споредни улоги како цврст момци, војници, полицајци или криминалци, а имаше забележителни улоги во голем број филмови, вклучувајќи ги Natural Born Killers, Pearl Harbor и The Heat, објави Би-Би-Си.

Меѓутоа, Сајзмор имал и сериозен проблем со дрогата, a осуден бил на затвор и за семејно насилство.

Слични содржини