156
Претседателот на Македонската кошаркарска федерација (КФМ), Перо Антиќ, најави дека ќе го даде на аукција дресот на Фенербахче во кој ја освои титуата европски клупски шампион, а добиените пари ќе ги донира за помош на Турција.
Ова го објави на својот Инстаграм профил поранешниот кошаркар на белградска Црвена звезда и на Истанбул Фенербахче, со кој ја освои титулата европски првак на мечот против Олимпијакос од Атина.
„Деновиве со помош на мојот брат Волкан Демирел и Мелих Махмутоглу ќе го лицитирам мојот дрес од финалето против Олимпијакос и сите пари ќе одат кај луѓето на кои им е најпотребно“, напиша Антиќ.