193
Поранешниот агент на ФСБ Игор Гиркин (Стрелков) го критикуваше шефот на руската платеничка група „Вагнер“.
Тој објави дека Пригожин е психички болен воен злосторник и го повика да се повлече од „Вагнер“.
„И малку повеќе за Вагнер. Според мене, по завршувањето на нападот на Бахмут, Вагнер не може да биде повлечен од фронтот ниту распуштен“, велин Стрелков, додавајќи дека групата треба да се реорганизира за да може поуспешно да се користи во иднина.
„Сепак, Пригожин треба целосно да биде отстранет од чело на Вагнер“, додава тој.