Расте раздорот помеѓу Москва и Вагнер групата додека битката за Бахмут достигнува кулминација

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Интензивните борби продолжуваат во и околу источниот украински град Бахмут, додека Кијив и Москва се борат со недостиг на муниција и зголемени жртви, а односите помеѓу платеничката група Вагнер и Кремљ стануваат сé понапнати, пренесува Гардијан.

Украинските сили сè уште го контролираат градот и покрај уличните борби, изјави за BBC Radio 4 заменик-градоначалникот на Бахмут, Олександар Марченко. Украинските војници соопштија дека една жена била убиена, а двајца мажи биле повредени во обид да преминат преку импровизиран мост во неделата.

Русија се стреми кон освојување на градот од минатото лето и постепено се приближува кон градот. Силите на Вагнер на Пригожин ги зголемија своите напори во октомври, откако регрутираа илјадници руски затвореници со ветување за слобода во замена за шест месеци служба.

Како што објави Би – Би – Си, рускиот олигарх Евгениј Пригожин, кој ги контролира платеничките Вагнерови сили кои ја предводат руската офанзива во Бахмут, предупреди доцна во саботата дека ако неговите луѓе бидат принудени да се повлечат, тоа може да доведе до колапс на целата руска линија на фронтот.

Пригожин се пожали дека руското Министерство за одбрана не ги поддржува напорите на Вагнер во однос на луѓе и муниција. Тој изјави дека не ја добива потребната муниција од Москва, додека се обидува да добие контрола над Бахмут.

Според него, недостатокот на муниција може да биде „обична бирократија или предавство“.

Целиот текст на следниот линк!

Слични содржини