Клиника „Жан Митрев“: Поради случувањата во последните осум месеци ставена во мирување изградбата на најсовремениот радиолошко-онколошки центар во регионот

од Nikola Popovski
343 прегледи

Приватната клиника „Жан Митрев“ информира дека се принудени да ја стават во мирување изградбата на новиот радиолошко-онколошки центар во Катланово кој требаше да почне со реализација минатата година поради, како што тврдат, резултат на случувањата во последните 8 месеци и поднесеното обвинение против нив и хирургот Жан Митрев.

Од таму информираат дека „Центарот за Радиологија и Онкологија“ е проектирана инвестиција вредна 45 милиони евра, која е планирана со учество на странски партнери.

-Предвидено е да се гради на локација во месноста Катланово во близина на Скопје каде треба да работат околу 350 медицински лица – доктори и друг медицински персонал. Радиолошко-онколошкиот центар планирано е да биде опремен со најсовремена апаратура за дијагностика и третман на тешко болни пациенти. Исто така, проектиран е и специјален дел наменет за рехабилитација и згрижување на пациентите засегнати од малигни и други заболувања. Со остварување на овој проект ќе се обезбеди врвна медицинска нега и третман за пациентите, порачуваат од Клиниката.

Од „Жан Митрев“ се надеваат дека оваа година конечно ќе започнат со изградбата на проектот.

Слични содржини