Унгарските пратеници го поддржаа членството на Шведска во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Членовите на делегацијата на унгарскиот парламент денеска во Стокхолм ја поддржаа желбата на Шведска да стане членка на НАТО.

Некои пратеници во унгарскиот парламент претходно изразија сомнеж за оправданоста на поддршката за членството на Шведска и Финска во НАТО, поради „вознемирувачките лаги“ од Стокхолм и Хелсинки поврзани со состојбата на демократијата во Унгарија.

И покрај тоа, делегацијата на унгарскиот парламент денеска во Стокхолм соопшти дека Будимпешта ќе го поддржи приемот на Шведска во НАТО, пренесува АП.

„Јасно ставивме до знаење дека унгарската влада, претседателот, премиерот и мнозинството пратеници јасно го поддржуваат членството на Шведска во НАТО“, изјави потпретседателот на унгарскиот парламент Чаба Хенде.

Тој рече дека шведските политичари, владините претставници и членовите на Европскиот парламент не треба лажно да тврдат дека во Унгарија нема владеење на правото.

Слични содржини