Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираа утрово од УХМР. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец.
Температурата ќе достигне до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата ќе достигне 17 степени.