Кога Арсовска зборува за право е исто кога Осама Бин Ладен би зборувал за западни вредности, вели Костовски за градоначалничката

од Nikola Popovski
199 прегледи

Во Бутел нема простор за урбаната мафија. Нема да дозволам во Општина Бутел повторно да дивее урбаната мафија, исто така нема да дозволам мирните граѓани на оваа општина да бидат третирани како криминалци, порача градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски по објавата на градоначалничката Арсовска за проблемот со изградбата на улицата Хо Ши Мин во оваа општина.

По тој повод, жителите на оваа улица протестираа, поради како што велат, против решеноста на градоначалничката која сака да изгради улица која поминува покрај нивните домови. Костовски исто така беше дел од протестот.

Тој реагираше дека „Арсовска повторно е надвор од реалноста и ја спореди со починатиот терорист Осама Бин Ладен“

-Кога Арсовска зборува за право, тоа е исто како кога Осама Бин Ладен би зборел за западни вредности, или Хемингвеј би зборел за градежништво. Ете толку е својствено за Арсовска да збори за право, објави Костовски на Фејсбук.

Додава дека за самиот проект најлесно е да се пишуваат соопштенија од канцеларија.

-Веројатно и така е поедноставно да се избега од народот. Но народот на тоа ќе те потсети тогаш кога ќе треба, на избори, до тогаш јас сум заедно со бутелчани да се бориме заедно за решение на секој еден проблем, потенцира Костовски.

Се огласија и од Градот Скопје. Од таму велат нема да се впуштаат во коментирање “на политиканти и политизирање на секоја деструктивна и блокирачка активност во организација на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците кои доаѓаат од редовите на оваа партија“.

-Трасата на улицата Боца Иванова е предвидена со Генералниот урбанистички план, и во целата своја должина се простира на земјиште кое е во државна сопственост. Во овој дел законот е јасен и дециден, и нема простор за политички манипулации“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Слични содржини