Деновиве на Менхетен се снима нова серија во која главниот лик го толкува познат актер, кој многупати е избиран за најсекси маж на годината. Минувачите кои минувале покрај сетот, сепак, веројатно немале поим дека се во присуство на еден од најголемите холивудски заводници, Колин Фарел.
Имено, 46-годишниот ирски актер беше непрепознатлив на филмскиот сет на претстојната серија „Пингвин“ во која повторно ќе го глуми истоимениот негативец, кого првпат го толкуваше во минатогодишниот филм „Бетмен“.
За да се трансформира во малку покрупниот негативец, Фарел носи протетика која му додава подбрадок и груба кожа, а со додавање на густи веѓи и ќелава коса, навистина би било тешко да се погоди кој стои зад маската.
Фарел минатиот месец за Variety откри дека глуми во оваа серија, велејќи дека е возбуден што ќе се врати ликот на Пингвинот и ќе навлезе во неговата зла психа, но и дека ќе се препушти во рацете на т.н. крал на холивудската козметика, Мајк Марина.