114
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска потпиша закон со кој се дозволува смртна казна за државните службеници за кривично дело велепредавство, јави државната новинска агенција Белта.
Како што се наведува, овој закон е донесен како дел од измените на кривичниот законик со цел зајакнување на борбата против „злосторствата на екстремистите, тероризмот и антидржавната ориентација“.
Законот ја проширува кривичната одговорност за велепредавство извршено од службено лице на сите лица кои вршат државни должности.