Курти: Мораме да ги нормализираме односите со Србија

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти изрази надеж дека Белград и Приштина на 18 март во Охрид ќе го потпишат планот за имплементација на европскиот предлог за нормализација на односите.

„Основниот договор предложен од ЕУ е солидна почетна точка за да се придвижиме напред и се надеваме дека конечно ќе го направиме тоа на 18 март“, рече Курти денеска во интервју за Јуронуз.

Тој најави дека оди на разговори во Северна Македонија на 18 март со добра волја за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград.

Слични содржини