Камерата на камион го снимила моментот кога се случила страшната несреќа во Унгарија, кога се судриле 43 возила.
На видеото може да се види како автомобил претекнува на левата лента и покрај песочната бура, поради што практично ништо не може да се види. Во еден момент застанува бидејќи на патот има колона возила која не се движи, но возачот зад него не го гледа и со голема брзина влетува во автомобилот пред него.
Така се создаде тотален хаос на патот.
Страшната несреќа се случила во саботата попладне на автопатот М1. Во несреќата учествувале вкупно 43 возила, од кои 19 изгореле.
Во несреќата се повредени десет деца, од кои четири потешко и шест полесно, како и дваесет и девет возрасни лица, од кои десет се тешко повредени, а деветнаесет се полесно повредени.
Едно лице починало, соопшти локалната полиција.