Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски до Советот на општината поднел предлог точка со која бара измена на член од Одлуката за извешување на Буџетот на општина Кисела Вода, односно промена на коефициентот за исплата на плата на Градоначалникот да изнесува 3,4 а основицата на која се пресметува изнесува 26.755,00 денари, пренесе 24 инфо.
Ова во суштина значи зголемување на платата на градоначалникот Ѓорѓиевски на над 90.000 денари или точно, 90.967 денари и тоа барање доаѓа лично од него.