Манолева: Ковачевски лично се заложи за законски измени со цел полесна набавка на лекови

од Nikola Popovski
146 прегледи

„Владата излезе во пресрет на барањата на пациентите со цистична фиброза со предлог закон, за кој премиерот лично се заложи да го презентира и брани во Собранието, бидејќи лично тој сметаше дека треба да се обзбедат лекови“ рече заменик-министерката за здравство, Маја Манолева во „Детектор“ на Сител.

Таа додаде дека оваа волја и желба на Владата да излезе во пресрет на сите барања на пациентите треба да се поддржи.

„Со сегашните процедури мора да помине рок и да се запазат постапките за набавка на лек. Поради тоа е иницијативата на Владата да се донесат законски измени со кои ќе може во вакви ситуации да се направи договор директно со компаниите. Тоа се иновативни лекови кои ги произведуваат една до две комапнии и со тоа се стеснува просторот за административно управување со класични јавни набавки“ рече Манолева.

Таа додаде дека лицата заболени со ретки болести не се заборавени од системот и рече дека се надева оти сите лекови кои се потребни на луѓето ќе бидат набавени.

„Ова се нови, иновативни лекови, за кои и многупоголеми системи и помоќни држави не успеале да ги внесат во системот на здравственото осигурување, но сепак нашата држава, оваа Влада успеа во последните неколку години да добие голем дел од овие нови лекови“ рече Манолева.

Слични содржини