Си планира телефонски разговор со Зеленски по средбата со Путин?

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Кинескиот претседател Си Џинпинг планира телефонски да разговара со својот украински колега Владимир Зеленски, за првпат од почетокот на војната во Украина, пишува Wall Street Journal, повикувајќи се на информирани извори.

Според весникот, разговорот најверојатно ќе се одржи по посетата на Си на Москва следниот месец, кога ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Извори на „Ројтерс“ претходно денеска соопштија дека Си планира да ја посети Москва и да се сретне со Путин веќе следната недела, порано од очекуваното.

Кинеското министерство за надворешни работи не одговори на барањето за коментар за посетата на Си на Москва, а Кремљ одби да коментира, наведува агенцијата.

Најавата за посетата на Си на Москва уследи по веста дека Кина се нуди да посредува за постигнување мировен договор во Украина, што беше дочекано со скептицизам од Западот, со оглед на дипломатската поддршка на Кина за Русија, забележува британската агенција.

Руската новинска агенција ТАСС на 30 јануари објави дека Путин го поканил Си да ја посети Москва напролет.

Слични содржини