Кремљ: Оскарот за „Навални“ може да биде елемент на политизација

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, денеска изјави дека доделувањето на Оскар за најдобар документарен филм на „Навални“ може да биде, како што рече, елемент на политизација.

„Не можам да судам за квалитетот на документарецот бидејќи не сум го гледал. Сепак, се осмелувам да кажам дека има елемент на политизација. Холивуд понекогаш не бега од политизирање на својата работа, па се случуваат такви работи. Сепак, не би зборувал за филмски заслуги“, рече Песков.

ТАСС потсетува дека филмот во режија на Даниел Рохерс за рускиот опозициски лидер Алексеј Навални доби Оскар за најдобар документарен филм.

Слични содржини