Битиќи: С. Македонија планира „увоз“ на работници од земји каде просечна плата е 200 евра

од Nikola Popovski
157 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска откри како Владата ќе ги увери кадрите од другите земји да дојдат во земјава да работат.

-Работниците „бегаат“ за повисоки просечни плати. Просечната плата кај нас стигна 550 евра, платата по која што одат да работат е 1100, а земјите од кои што најверојатно ќе доаѓаат тука работници за во рударство, градежништво, е просечна 200 евра. Тоа е природен циклус на движење на работна сила за подобро, рече Битиќи како одговор на новинарско прашање.

Битиќи откри дека туризмот и градежништвото се секторите кои имаат потреба од кадар и за кои Македонија веќе размислува да увезува работна сила.

Вицепремиерот информира дека ланската година сме имале 5300 работници кои што работеле во земјава.

Слични содржини