164
Папата Франциск денеска повика на „почитување“ на верските објекти во Украина, посочувајќи дека монасите во манастирите на Украинската православна црква (УПЦ) се соочуваат со иселување.
Украинските власти ѝ дадоа рок на УПЦ до 29 март да го пресели своето седиште надвор од комплексот Киевска Печерска Лавра, што е последен во серијата потези против црквата за која властите во Киев тврдат дека е проруска и соработува со Москва, пренесува „Ројтерс“.
Осврнувајќи се на манастирот Лавра, папата побара од „завојуваните страни во Украина да ги почитуваат религиозните места“ и ги поздрави луѓето кои го посветуваат својот живот на молитва, „без оглед на нивната вера“.