133
Кремљ денеска објави дека односите меѓу Русија и САД се во жална состојба и на најниско ниво, откако Вашингтон ја обвини Москва дека соборила американски извидувачки дрон над Црното Море, јави ТАСС.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, изјави дека немало разговори на високо ниво со Вашингтон за инцидентот.
Тој посочи дека билатералните односи го достигнале најниското ниво, но дека во исто време Русија никогаш не одбила конструктивен дијалог, „ниту го одбива сега“.