Кралот Чарлс го одликуваше Брајан Меј: Гитаристот на Queen стана Сер (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

Гитаристот на групата Queen, Брајан Меј, беше одликуван од кралот Чарлс Трети во Бакингемската палата, а музичарот ја доби титулата „Сер“, пренесува NME.

„Без зборови“, напиша Брајан на Инстаграм.

Музичарот не го криеше задоволството во изјавата за BBC News.

„Ова е еден вид лиценца, некој вид на провизија за да продолжам да го правам тоа што го правам, и им дава малку повеќе моќ на моите лакти. Затоа, јас сум многу среќен поради тоа“, рече Меј.

Слични содржини