Серијата „Два и пол мажи“ е една од омилените меѓу припадниците на сите генерации, а речиси и да нема човек што не гледал барем една епизода.
Актерот Џон Крајер ја играше улогата на Алан Харпер во споменатата серија. Поконкретно, тој беше татко на момчето Џејк и брат на Чарли Шин.
Крајер пораснал во театар, бидејќи неговите родители биле актери од Бродвеј.
Првата филмска улога ја имал во 1986 година во тинејџерската комедија „Убавица во розово“, а потоа почнал да добива улоги.
Сепак, вниманието на јавноста го привлече само во серијата „Два и пол мажи“, а оваа улога дефинитивно му ја одбележа кариерата.
По снимањето на оваа серија, која траеше повеќе од една деценија, Џон напиша мемоари за сите работи што му се случија во текот на неговата триесетгодишна кариера.
Тој продолжи да глуми, но не се појавува многу често во јавноста, а многумина коментираат дека физички се променил многу.
Имено, Џон Крајер денес е ќелав, а пуштил и брада.
Како што пишуваат американските медиуми, актерот во последно време е политички активен, а доказ за тоа е што често гостувал во подкасти, каде што зборувал за различни општествени и политички теми.