Вучиќ: ЗСО е исклучително важна, јасно кажав дека тоа што е потпишано мора да се исполни

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека во разговорите со меѓународните претставници јасно кажал дека мора да се исполни потпишаното, како и дека ЗСО е исклучително важна за Србите на Косово.

Вучиќ, на новинарско прашање дали Мирослав Лајчак му претставил околу 15 модели на европско самоуправување, кои би можеле да се поврзат со ЗСО, што тој го претставил во Приштина, рече дека имал сериозна дискусија со Лајчак и Габриел Ескобар за ЗСО.

„ЗСО ќе ги поврзе српските заедници или 97 отсто од српските заедници во една единствена целина“, посочи Вучиќ.

Слични содржини