139
Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе престојува во посета на Русија од 20 до 22 март на покана на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Кремљ.
Според најавата, Путин и Си ќе го разгледаат натамошниот развој на сеопфатно партнерство и стратешка соработка, а се планира двајцата лидери да разговараат и за продлабочување на соработката меѓу двете земји на меѓународна сцена.
На крајот од преговорите ќе бидат потпишани низа важни билатерални документи.