Ахмети верува дека ќе биде постигнат договор помеѓу Белград и Приштина

од Radmila Tasevska
114 прегледи

Јас се залагам за напредок и денес нека биде постигнат, изјави денеска во Охрид лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со косовскиот премиер Албин Курти.

На новинарско прашање дали верува дека ќе заврши процесот на дијалогот со взаемно празнавање меѓу Косово и Србија, Ахмети рече дека тоа зависи од двете делегации, но верува дека ќе биде постигне договор помеѓу Приштина и Белград.

– Мислам дека како финален процес, Косово треба да оди напред кон меѓународно признавање како држава и негово унапредување и прифаќање во сите меѓународни институции и да го продолжи патот кон членство во Европската Унија и НАТО, рече Ахмети.

Слични содржини